Штутгарт ќе забрани некои дизели во центарот на градот

ОБЈАВЕНО НА:

Домот на Mercedes Benz и на Porsche, градот Штутгарт ќе забрани од следната години да се користат дизелски возила што нема да ги исполнуваат последните прописи за емисија на штетни гасови, и тоа во денови кога ќе биде зголемено загадувањето во воздухот.

Само околу 10 отсто од дизелските возила што се користат во Германија од почетокот на 2016 година ги исполнуваат Еуро 6 стандардите, што е најново ниво за заштита од загадувањето.

Дизелските мотори се сѐ почеста мета по избивањето на аферата со Volkswagen околу мамењето со емисијата на штетни гасови а што беше откриено во септември 2015 година.

Штетните честички во воздухот и тоа над дозволеното ниво поставено од ЕУ и се честа појава во над 90 градови во Германија, вклучувајќи го и Штутгарт. Дополнителен проблем за градот е што тој е во котлина.

Германија веќе има проблеми со Еу бидејќи повеќе од 35 денови годишно има над дозволеното ниво на штетни честички во воздухот. Во Штутгарт нема да биде забрането да се користат дизелски возила само доколку тие се користат за достава на роба.

Регионалната влада веќе беше тужена од страна германската организација за заштита на околината (DUH) бидејќи не сторила доволно за намалување на загадувањето. Покрај користењето на дизелски возила како причинители за загадувањето е и греењето на користено масло, и горење на гуми.

Според Светската Здравствена Организација (WHO) поради загадувањето во градската средина и руралните делови, 3 милиони прерано починати лица во светот во 2012 година, а токму овие честички предизвикуваат кардиоваскуларни и респираторни болести и рак.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK