Штутгарт ја ограничува брзината во градот на 40 км/ч

ОБЈАВЕНО НА:

Според наводите на градските власти во Штутгарт се најавени мерки, кои се насочени како дополнително намалување на мешаницата низ градот, со цел намалување на емисијата на штетни гасови и поздрава животна средина односно идејата е граѓаните да се откажат од користењето на личниот автомобил.

Доколку новите мерки бидат изгласани во градското собрание тогаш би можеле да стапат на силa во средина од следната година. Тоа подразбира ограничување на максималната брзина на 40 км/ч за целиот центар на градот додека одредени реони ќе имаат ограничување од само 30 км/ч.

Ако и овие нови строги правила не помогнат за намалување на количината на азотни оксиди во воздухот во градот, тогаш се планираат нови уште порадикални чекори. Тогаш практично целосно ќе биде забранета употребата на дизел возила со Eurо 5 нормите односно и оние постарите,

Во моментов во Штутгарт во одредени делови од градот не можат да се возат дизел автомобили со Eurо 4 мотори (и пониско), но овие нови мерки би можеле во целост да ги истераат „нафташите“ од улиците на градот.

Освен овој, се планираат и низа мерки заради пзголемување на бројот на електрични автомобили и слични „зелени“ автомобили на улиците на Штутгарт.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK