Штрајк во Fiat во Крагуевац – се бараат поголеми плати и подобри услови

ОБЈАВЕНО НА:

Работниците во фабриката на FCA во Крагуевац по вторпат штрајкува барајќи поголеми плати и подобри услови за работа. Според проценката на синдикатот на штрајкот имало повеќе од 1.000 работници од двете смени.

По штрајкот почнале преговори меѓу работодавачите и синдикатот, а доколку не се постигне договор се најавува шестчасовен генерален штрајк.

Барањата на синдикатот се основната плата на работниците да биде 45.000 динари, нов начин на организација на производството, додатоци кои ги имаат работниците за доаѓање н аработа во време кога нема јавен превоз и зголемување на бонусите за 2017 и 2018 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK