Штрајк во Audi: Бараат повисоки плати во фабриката во Унгарија

ОБЈАВЕНО НА:

Вработените во фабриката на Audi во Унгарија два часа го прекинаа производството на мотори во знак на протест поради ниските плати. Предупредувачкиот штрајкот е со цел да се постигне зголемување на основната плата за 156 долари, исплата на бонуси за лојалност и зголемување на останатите исплати во текот на 2017 и 2018 година.

Неделава унгарските работници во Audi основаа штрајкувачки одбор, зашто недостатокот на работна сила во државата ги зголемува и очекувањата за раст на платите.

Самостојниот синдикат на работниците во Audi изјави дека предупредувачкиот штрајк ги опфати само вработените во фабриката за производство на мотори, додека во фабриката за склопување на возилата A3 компактен седан, кабриолет и TT спортските модели, која истотака е сместена во Ѓер, немало прекини во работата. Синдикатот бара зголемувањето во платата да биде од 1 јануари.

Производството и извозот на автомобили од странски инвеститори е клучниот двигател за економски развој на државата, а нивото на платите на квалификуваните работници е далеку под оние во Западна Европа.

Синдикатот соошти дека верува дека со Audi може да постигнат компромисен договор за платата, но компанијата досега не го земала предвид мислењето на синдикатот.

Портпаролот на Audi не сакаше да коментира.

Работниците во Audi реагираат откако минатата година во декември, ривалската фабрика за производство на автомобили Daimler со синдикатот постигна договор за зголемување на платите за 10 отсто годишно во следните две години.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK