Што значат ознаките на моторите TDI, dCi, CDI, HDI, TDDI, TDCi…?

ОБЈАВЕНО НА:

Ознаките на моторот често знаат да бидат збунувачки дури и за солидните познавачи на автомобилизмот. Проблемот главно е во тоа што генерално овие ознаки не мораат да значат ништо. Тоа се едноставно ознаки кои произведувачите на автомобилите ги користат без универзални правила. На прво место се гледа што ќе биде попривлечно за купувачите, а некои произведувачи упорно ја задржуваат старата ознака како би го задржале својот бренд препознатлив (на пример TDI), а други упорно воведуваат измени како би им покажале на купувачите дека уфрлиле во понудата некој нов мотор…

Тоа се чисто маркетиншки ознаки кои произведувачите им ги даваат на своите модели на основа на проценка за да привлечат колку е можно повеќе купувачи. Не постојат апсолутно никакваи стандарди ниту во рами на одредена марка на одреден модел или генерација што некоја ознака точно значи.

На основа на ознаките на моторот не можете сигурно да дознаете кој е точно произведувач на моторот (ниту во Mercedes секогаш не е мотор на Mercedes), каква врста на вбризгување на гориво има, која генерација е, дали има турбо полнач или компресот, па дури ни која врста на гориво користи.

Ако во ознаката постои буквата D, тогаш сигурно станува збор за дизел?

Не е задолжително, иако главно е таква ситуацијата. Некои од исклучоците се Mitsubishi (GDI), Nissan (DIG-T) и Mazda (DISI), иако и користењето на овие ознаки може да биде предмет и на поголема анализа.

Што значи легендарната ознака TDI?

Сигурно „Turbo Diesel Injection“? Или можеби „Turbocharged Direct Injection“.  Што тогаш би требало да значи SDI?

В ред, знаеме дека тоа е VW дизел без турбо полнач кој може да има 1.7, 1.9 и 2.0 литри, но постои и 2,5 верзија наменета за комби возилата. SDI значи „Suction Diesel Injection“. Со оглед на тоа што се работи за Германци SDI е кратенка за „Saugdiesel Direkt Einspritzung“. Во груб превод тоа значи „атмосферски со директно вбризгување “.

Меѓутоа, TDI моторите постојат и во пумпа-дизна и во „common rail“ верзија. Што тогаш TDI конкретно означува? Уште кога во приказната ќе се уфрли на пример Dodge Caliber кој користи 2.0 TDI мотор, но под ознака 2.0 CRD. Потоа Jeep Patriot 2.0 CRD со истиот VW мотор, а тука е и Patriot 2.2 CRD со мотор на Mercedes, кој Mercedes во своите модели го означува како CDI.

Сето ова може да се гледа вака: CRD – Common Rail Diesel. Оваа ознака ја користат сите возила од групацијата Chrysler (Dodge, Jeep, Chrysler), без разлика чиј мотор користат, а веќе се знае дека ги користат моторите и на Volkswagen и на Mercedes.

Сепак, има и поинаков пример. Се случува Mercedes да земе мотор од Renault и да му стави ознака CDI на задниот дел од автомобилот. Од друга страна својот дизел мотор го дава на друг произведувач кој става ознака по желба.

JTDM

JTD – е ознака на Fiat за првата генерација на дизел возила со „Common Rail“ систем. Тоа е кратенка од „Jet Turbo Diesel“. Ова семејство на мотори доаѓа со четири и пет цилиндри заедно со два или четири вентили по цилиндар. Освен возилата од Fiat групацијата (плус Alfa Romeo и Lancia) ги користат и автомобили од други марки, но под други ознаки.

Тука се и MultiJet моторите, кои претставуваат втора генерација. Кога MultiJet ќе се вгради во Alfu тој станува JTDm, во Opelu се претвора во CDTi, Saab со овој мотор ја носи ознаката TiD или TTID, а Suzuki се „дрзна“ во своите возила да го нарече DDiS.

Кога е во прашање Opel ознаката CDTi е секогаш тука без разлика кој го контруирал или го произведувал моторот (Fiat, Isuzu, Ford/Peugeot/Citroen, VM)… А сега кога Французите (PSA Peugeot Citroen, од 2016. „PSA Group“ на англиски) го презедоа Opel, ќе ги користат веројатно само нивните дизел мотори.

Буквата „T“ укажува на тоа дека моторот има турбо полнач?

Не е задолжително, но BMW своите дизел мотори ги означува едноставно со буквата „d“, без оглед на тоа дали имаат еден, два или три турбо полначи. Истото важи и за бензинците. Буквата „i“ не ни зборува колку турбо полначи има. Тука е и Audi, кој има бензинзи и со турбо полнач и со компресор, но сите носат ознака TFSI (или TSI).

А славниот Twin Spark или TS (Alfa Romeo)? Тоа значи дека моторот има две свеќички по цилиндар, една главна и една помошна со цел да се постигне помирна работа во лер. Кога сме кај Alfa, тука е и брзинскиот JTS („Jet Thrust Stoichiometric“) со директно вбризгување на гориво. Во 99 проценти од другите случаи буквата „Т“ во ознаката укажува на тоа дека моторот има турбо полнач (или компресор или комбинација од турбо полнач и компресор во одредени случаи).

Ford и Французите

Ford и групацијата PSA Peugeot Citroen остварија сериозна соработка на развојот на дизел моторите во разни кубикажи. На пример, овие мотори се вградени во возилата на Ford под ознаката TDCi, во Peugeot и Citroen моделит под ознаката HDi, како и во автомобилите од марките Mazda, Volvo, Toyota, Jaguar, Land Rover и Mini, од кои секоја има своја ознака.

Заклучок

Ова делење, заедничкиот развој или купувањето на мотори од други произведувачи не значи задолжително дека некоја компанија не е во состојба да развие сопствен квалитетен мотор. Зошто да се вложуваат десетици или стотици милиони евра во развој, ако веќе постои мотор кој се покажува поквалитетен и ако „сопственикот“ е расположен да го продададе по поприфатлива цена?

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK