Што вози Ибрахимовиќ во Милано?

ОБЈАВЕНО НА:

Иако неговата популарност не е на рамништето на Лео Меси и Кристијано Роналдо, сепак Златан Ибрахимовиќ и на 39 годишна возраст го привлекува вниманието на медиумите и јавноста. А со познатите личности секогаш се поврзуваат и скапи и ретки автомобили.

Последните 2-3 недели беше централна фигура во спортската јавност. Најпрво поради неговото учество во фестивалот во Сан Ремо, а потоа и по пцовките кој ги доби на трибините на Маракана во Белград во рамките на натпреварот помеѓу Црвена Ѕвезда и Милан.

Покрај ова, тој беше во центарот на вниманието и откако беше фатен со неговиот автомобил Ferrari LaFerrari кој е направен во само 500 примероци, а еден од нив поседува и Швеѓанецот кој е по потекло од Босна и Херцеговина.

Овој автомобил распоалга со хибриден погонски систем кој се состои од V12 единици и кој благодарение на 6,3 литарскиот мотор продуцира вкупно 963 КС. До стотка Ибрахимовиќ со овој автомобил забрзува за не повеќе од три секунди додека пак максималната брзина која може да ја постигне изнесува 350 км/ч.

Минатата година Ибрахимовиќ ги привлече вљубениците во автомобилите откако во Шведска еше фатен како управува Ferrari Monza SP2, едно од најреткото Ферари во последните две децении.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK