Улиците се почесто стануваат место каде се гледаат електрични тротинети. Особено ги користат помладите, но и оние кои сакаат да гиизбегнат сообраќајните мешаници. Некои носат кацига, некои се возат по двајца, некои брзаат, некои возат по улица, некој по пешачка патека.
Брзината со која се движат претстсвува проблем, и поради тоа што се тивки и речси нечујни не ретко не може нареме да се забележат.
А кога веќе сте решиле да возите електричен тротинет, без разлика дали е ваш или можеби изнајмен, добро е да ја знате Законската регулатива за управување со ел. тротинети:
Возачот на електричен тротинет е должен да управува со возилото на начин на кој не се намалува стабилноста на возилото и не се попречуваат другите учесници во
сообраќајот, а особено не смее да ги симнува рацете од управувачот, да се придржува за друго возило, да превезува, влече или турка предмети што може да го
попречуваат во управувањето со возилото или да ги загрозуваат другите учесници во сообраќајот
Законската регулатива за управување со електрилни тротинети предвидува:
*Електричен тротинет може да управува лице кое навршило 14 години
* Возачот на е-тротинет не смее да превезува други лица за време на управување со возилото
* Возачот на електричен тротинет треба да носи заштитен шлем на главата за време на управување со возилото
* Возачот на електричен тротинет, од првиот самрак доо целосно разденување, како и во услови на намалена видливост, должен е да носи рефлектирачки елек
за време на управување со возилото
* Возачот на електричен тротинет, додека управува со возилото, не смее да води животни.

Прашањето е каде треба да се вози електричниот тротинет? На улица, на велосипедска патека, на пешачка патека?
*На велосипедска патека, велосипедска лента, тротоар или пешачка патека, уредени и обележани за сообраќај на електрични тротинети во двете насоки, тие се движат по десната страна во правецот на движењето на сообраќајот
*Возачот на електричен тротинет може да се движи само по оние сообраќајни површини каде што е дозволено движење со такви возила. Возачот на
е-тротинет не смее да се движи по велосипедската патека, односно лента со брзина поголема од 25 km/h
* Возачот на е-тротинет не смее да се движи по тротоар, пешачка патека, односно друга површина наменета за движење на пешаци со брзина поголема од 6 km/h
* Возачот на електричен тротинет е должен да го управува возилото по велосипедска патека или велосипедска лента, а доколку не се изградени, по пешачка патека односно друга површина наменета за движење на пешаци
* Кога двајца или повеќе возачи на електричен тротинет се движат во група, тие се должни да се движат еден позади друг
* Ако на патот постои посебно уредена велосипедска патека, велосипедска лента, тротоар или пешачка патека, возачот на електричен тротинет е должен да го управува возилото по десната велосипедска патека, велосипедска лента, тротоар или пешачка
патека во правецот на движење на сообраќајот









