Што треба да знаете за Stellantis?

ОБЈАВЕНО НА:

Stellantis е новата компанија во светот на производството на возила и е резултат на спојувањето кое во декември минатата година беше официјализирано помеѓу FCA Automobili и PSA Group.

Спојувањето кое во целост треба да се спроведе на почетокот на следната година, предизвика големо внимание и интерес кај јавноста, особено поради фактот што сега Stellantis ќе биде компанијата со најмногу брендови во своето портфолио.

Вкупно 14 брендови ќе функционираат под капата на оваа компанија и тоа: Abarth, Alfa Romeo, Chrysler, Citroën, Dodge, DS, Fiat, Jeep, Lancia, Maserati, Opel, Peugeot, Ram и Vauxhall. Покрај овие брендови оваа компанија поседува целосна, или дел од сопственоста и на следните компании за производство на делови: Comau, Mopar и Faurecia.

Новото седиште на компанијата чие име во превод од латински значи “посветло со ѕвездите” не е ниту во Италија, ниту во Франција туку во Амстердам, Холандија. Ова предизвика незадоволство кај локал-патриотите во Франција, а особено во Италија кои сметаа дека седиштето требаше да остане во Париз односно Торино.

Функционирањето на компанијата ќе биде по принципот 50-50, односно и FCA и PSA ќе имаат подеднакво сопствеништво. Прв човек и натаму ќе биде Карлос Таварез, а во управниот одбор подеднакво ќе имаат членови двете компании. Со спојувањето на овие две компании се очекува првични заштеди до 4,2 милијарди американски долари. Сепак заштедата треба да биде поголема ако се знае дека е планирано продажба на фабриките со нецелосно искористеност на капацитетот.

Клучни брендови во првите 3-4 години од фукционирањето ќе бидат Alfa Romeo, Maserati и DS кои ќе останат премиум брендови. Fiat, Peugeot и Opel како и Citroen ќе ја задржат сегашната позиционираност.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK