Што се WLTP процедурите што им прават проблем на сите производители?

ОБЈАВЕНО НА:

Уште од 1980 година во Европа се практикуват тестовите за емисијата на издувни гасови и потрошувачката на гориво. Така овие тестови набрзо станаа шриоко прифатен стандард во земјите од Европската Унија. И сите кога купувавме возила ги следевме тие параметри, баравме поеколошко и поеконимично возило.

Сепак последните скандали поврзани со аферата “Дизелгејт” ги натера европските институции да воведат нови процедури за тестирањето на автомобилите во поглед на нивната потрошувачката и издувните штетни гасови.

Новата процедура наречена WLTP (Worldwide Harmonized Light Vehicle Test Procedure – WLTP) за разлика од претходната е далеку построга, а има за цел да оневозможи било какви мамења од страна на автопроизводителите.

Во суштина, оваа процедура ги има следните карактеристики:

  • Се практикуваат динамични тестови со што резултатите се повеќе репрезентативни и се темелат на реално возење, а не како до сега тоа да биде во “лабораторија”
  • Тестовите во рамките на WLTP траат за 10 минути повеќе.
  • Дистанцата која се поминува со тестирање изнесува 23.25 километри што е за двојно повеќе од претходно.
  • Тестирањето сега опфаќа повеќе динамички фази. Така соодносот изнесува 52% во урбани услови и 48% во неурбани.
  • Тестирањата се одвиваат во најголем дел на просечна брзина од 46.5 км/ч, што е зголемување за 12.5 км/ч. Максималната брзина при која се тестираат автомобилите изнесува 131 км/ч.
  • При тестирањето се зема и додатната опрема со цел да се утврди какво влијание има врз потрошувачката и испуштањето CO2 гасови.
  • Тестирањето се одвива под температурни услови од 23ºC.

Токму поради овие строги регулативи, многу европски производители од своите понуди исфрлија неколку верзии од постоечките модели, особено оние со помоќен мотор чиј издувни гасови загадуваат и повеќе.

Сепак, тука не е крајот. Според планот на Европската Комисија, во наредниот период ќе следи измена на регулативата со дополнителни, построги правила. Целта е за неколку децении загадувањето кое произлегува од автомобилите и останатите возила да се сведи на минимум.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK