Во текот на целата измината година во Русија се продадени вкупно 1.598.825 нови возила што претставува пад од 9,1% во споредба со 2019 година.
Најпопуларен бренд и натаму останува Lada која забележа пад на продажбата за 5% продавајќи вкупно 343.512 нови возила. На втората и третата позиција се јужнокрејските производители Kia и Hyundai кои остварија продажба од 201.727 односно 163.441 нови возила.
Најдобро продаван европски бренд е Renault кој оствари продажба од 128.408 возила, а на позицијата број 5 е Volkswagen со продадени 105.785 нови возила.
Потоа со продадени 94.632 возила следи Skoda. Оваа бројка претставува пораст од 7% во однос на 2019 година што го прави овој бренд, заедно со BMW, Haval, Geely и Chery единствени со значителен апсолутен пораст на продажбата.
По чешкиот производител, следат Toyota и Nissan со продадени 91.598 односно 56.352 возила.
Во топ 10 најпродавани брендови се наоѓаат уште GAZ и BMW.
Најпродаван модел, останува Lada Granta со продадени 126.112 возила, а потоа следат Lada Vesta, Kio Rio, Hyundai Creta, Volkswagen Polo, Hyundai Solaris, Lada Largus, Toyota RAV4, Skoda Rapid…

Следете не и на:

