Што се случува со „валканите“ дизел возила во Германија?

ОБЈАВЕНО НА:

Возилото на Свен Биркхард, просечен Германец е паркиран пред вратата на семејното живеалиште во Долна Рајна. Исполиран сив металик, на задното седиште има детско столче за неговата ќерка Леони, а во автомобилот има додатоци, како што се контрола на возење, навигациски систем, автоматски менувач и… „валкан“ дизел мотор. Практично овој автомобил има сè што е неопходно, за да може Свен да патува удобно со неговото семејство.

Дизел возилата со екостандард Euro 5, можат наскоро да бидат извадени од употреба во Германија, а тоа доаѓа според решение на Федералниот административен суд. За проценка на атомобилот Свен се јавува во WKDА, каде му кажуваат дека чини 5.365 евра. Според сопственикот реалната цена на 1.6-литарскиот дизел Golf, кој е произведен во 2015 година, е 8.000 евра.

Ова е само една од приказните за сопственици на „валкани“ дизел автомобили, а по патиштата низ Германија ги има 12,5 милиони кои не одговараат на новиот стандард Еurо 6. И додека снабдувањетo со повеќе или помалку стади автомобили на онлајн пазарот се зголемува, според ADAC побараувачката на дизел возила во Германија е падната за околу половина во рамки на една година.

Германските возачи кои практично немаат ништо заедничко со манипулацијата со мерењата на издувни гасови ќе претрпат загуби. Тие не можат ниту да направат нешто за да ги променат барањата за контрола на загадувањето на воздухот низ градовите.

Оттаму се очекува на Балканот да почнат да доаѓаат сè поевтини дизел возила, а тоа се автомобили кои се многупати поквалитетни и поеколошки од масовно застарените автомобили кои се движат во моментов по патиштата. Засега кај нас нема забрана за управување на вакви автомобили. Но, секојдневно се носат се построги закони за нивната употреба.

Продажбите на нови возила покажуваат дека бензинците сега имаат најголем удел, дизелите постојано паѓаат, а поради субвенциите од државите сериозно се зголемува и допрва се очекува скокот на електричните возила. Коронавирусот го намали интересот за купување, но трендот на пад на продажбата на дизелски возила и пораст на бензинските мотори иелектричните ќе продолжи.

А на Балканот, па и во некои земји од Источна Европа посакуваат ваквите „валкани“ автомобили да можат да ги регистрираат. Ем ќе бидат поевтини, помалку загадуваат од она што моментно се вози по нивните улици, и сигурни уште една декада ќе можат да се користат.

Но, за заштита на околината никој не размислува.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK