Пандемијата на коронавирусот влијаеше на нашите животи на бројни начини, а поради строгите мерки и карантин таканаречен „lock down“ кај многумина автомобилите долго време се на исто место.
Притоа можат да се јават различни проблеми кои можат да им задаваат главоболки на сопствениците.
Сепак, да се тргне од гумите. Кога автомобилите долго стои во место тие можат да добијат благо деформирање. Оттаму е корисно повремено да се менува положбата на автомобилот. Сите детали можат да се погледнат во видеото во продолжение.
Притоа се препорачува со раце да се турка автомобилот, а не да се пали на кратко бидејќи така ќе се наиде на следниот проблем кој се јавува за време на карантинот, а тоа е празен акумулатор.
На сите им е јасно дека кај долгото стоење може да дојде до проблем со палењето поради празниот акумулатор, а постојат неколку решенија. Едното е дека работите кои се дозволени и потребни да ги извршувате со автомобилот и така да го наполните акумулаторот.
Ако автомобилот воопшто не го возите, добро би било еднаш неделно да го запалите и да го држите запален 15 минути. Третата опција вреди ако имате сопствена гаража. Тогаш можете автомобилот да го ставите на полнач (таканаречен trickle charger) па нема да имате никакви проблеми…
Уште една работа на која треба да се насочи внимание се кочниците. Ако го паркирате автомобилот на рамна површина и не планирате да го возите подлого време, не се препорачува користење на рачна кочница за да не се „запече“. Ако, сепак, треба да користите рачна кочница, менувајте ја позицијата на автомобилот на една недела за да не дојде до горенаведените последици.
Вљубениците во чистењето и перењето на автомобилот знаат колку проблеми може да предизвика изметот од птиците особено ако е долго на лакот, и ако притоа уште со денови „пече“ Сонце. За да се избегне тоа пожелно е повремено да се испере автомобилот во својот двор, но бидете внимателни и користете проверени средства за да не се остават траги на каросеријата…
Сега се олабавуваат мерките за движење, па веројатно и автомобилите повеќе ќе се возат.