Што се случува кога ќе удрите на дупка при голема брзина?

ОБЈАВЕНО НА:

За жал патната инфраструктура во Македонија е една од најлошите во Европа. Тоа можеме да го видиме и по бројните дупки на улиците.

Токму овие дупки причинуваат најголеми главоболки и побрза амортизација на гумите, зглобовите и амортизерите. Некој ќе каже дека за тоа се произведени автомобилите и тие се имуни на дупки, но воопшто не е така.

Екипата на Warped Perception преку две видеа покажува како изгледа кога со автомобил ќе “погодиме” дупка, како се однесува автомобилот и каква штета може да настане.

Уште подобро видео е следното кое е снимано во 4К технологија и на забавена снимка се прикажани движењата на автомобилот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK