Што се случува ако при 100 км/ч менувачот го уфрлите во рикверц? (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилската механика се усовршува веќе 100 години, а тие секогаш се прилагодуваат на новите трендови. Така модерните менувачи секојдневно мора да се прилагодуваат на силните мотори, а притоа треба да останат и издржливи и ефикасни.

Без разлика на тоа, некои работи не се менуваат, па така сите автомобили засекогаш задржаа само една брзина, онаа во која се движат наназад.

Секој возач барем еднаш си го има поставено прашањето што се случува кога за време на брзо возење, менувачот ќе биде префрлен во рикверц. Со оглед на тоа што сите стравуваат од кобни последици за нивните автомобили, секогаш ќе постојат интернет херои кои ќе ги демонстрираат на дело ваквите работи со своите возила.

Одговорот на ова прашање е даден со стара Opel Astra, а при уфрлањето на менувачот во рикверц, не се случи ништо освен многу незгодни звуци и незгоден мирис. Моторот, менувачот и квачилото почнваат да служат како кочница и го успоруваат возилото. Какви последици носи тоа на механиката на менувачот може да се види во видеото.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK