Секое продолжение на филмовите на Џејмс Бонд се навистина интересни и полни со авантура, неизвесност, акција и автомобили што треба да бидат способни да издржат „огромна тортура“ и да минат низ различни тестови на издржливост. Во оваа кратка реклама за Defender има досега не-емитувани снимки од снимањето вклучувајќи и скок од 30 метри
Телевизиската реклама на Land Rover за новиот Defender ги демонстрира можностите на автомобилот на исклучително тежок терен. Видеото содржи и снимки од снимањето на филмот во кои ќе видите што можете да очекувате од легендарниот британски модел за време на филмот No Time To Die!
Снимките прикажани во рекламата дури го прикажуваат и скокот на новиот Defender во воздухот. Автомобилите користени во снимањето и филмот биле подложени на голем број екстремни тестови, вклучувајќи возење со голема брзина низ мочуриштата и реките.
https://youtu.be/u7Oc4g_CtZc
Сцените на No Time To Die беа предводени од координаторот на каскадерите, Ли Морисон, заедно со добитникот на Оскар и координаторот за специјални ефекти Крис Корболд.
Па почекатје до почетокот на април, тогаш филмот треба да почне да се прикажува, и да се уверите на што се е способен Land Rover Defender.
Покрај 10 возила Defender во снимањето на филмот се користени и модели како: Range Rover Sport SVR, Land Rover Series III and the Range Rover Classic.
Во No Time To Die, Бонд ја остави активната работа во службата и ужива во спокоен живот во Јамајка. Неговиот мир е краткотраен кога неговиот стар пријател Феликс Лејтер од ЦИА ќе се појави да побара помош. Мисијата за спасување на киднапиран научник излегува дека е далеку поподмолна од очекувано, водејќи го Бонд на патеката на мистериозен негативец вооружен со опасно оружје од новата технологија.