Оние кои редовно ги следат, веќе се навикнати на нивните „анти-тјунинг“ проекти, па и овој нема да делува нешто особено чуден. Можеби пред сè ќе делува смешно.
А руската екипа од Гаража 54 овој пат се одлучи, место да зголемува, да го смали и тоа, ни помалку ни повеќе туку американскиот легендарен Hummer H2.
Од габаритниот теренец ги симнаа неговите огромни тркала на баданжи од 17 инчи, но место вообичаеното „спуштње„ кога бандажите се монтираат на скапи големи нископрофилни гуми, се одлучија својот H2 да го „почестат“ со 13-ки од Ladа.
И го постигнаа она што сакаа. Огромниот Hummer никогаш не бил повеќе „спуштен“. Толку што за малку не се влечеше по земја.