На штандот на Mercedes-Benz на саемот во Женева главно место зазема новиот модел Мercedes-AMG GT, кој е со четири врати. Автомобилот го дополнува семејството на АMG и покажува нови димензии на задоволство при возење.
Новото купе е првиот спортски автомобил од Афалтербах, кој е со четири врати и прави директна референца кон легендарните SLS и AMG GT модели. Автомобилот комбинира уникатен дизајн, комфорт и импресивни достигнувања во автомобилот со атлетиски изглед и купе со четири врати. На тој начин возилото нуди повеќе простор и можност за различни измени.
Со појавата на спортското купе со четири врати, AMG GT отвора нов сегмент за своите клиенти, кои бараат автомобил за секој ден, но не сакаат да се откажат од ненадминатиот перформанс на Mercedes-AMG.
Новото AMG GT со четири врати ќе има максимална брзина од 315 км/ч. Последната генерација на мотори, моќен 6-цилиндричен и V8 мотори со моќност од 320 kW (435 коњски сили) до 470 kW (639 коњски сили), дозволуваат сосема ново доживување во автомобилот и комбинираат импресивни можности со модерна ефективност. Се очекува продажбата на ова возило да почне во текот на летото во 2019 година, а можноста за тестирање на истото ќе ја има во продажните центри на почетокот на есента.
Влезните модели во светот на Mercedes-AMG – C 43 4MATIC лимузина и комби, се многу поатрактивни однапред. Внатрешноста е фаворитизирана од целосно нова инструментална табла со карактеристилните AMG дисплеи и новата генерација на AMG волани. Трилитарскиот V6 би-турбо мотор испорачува 287 kW (390 коњски сили). Заедно со AMG SPEEDSHIFT TCT 9G трансмисијата и системот за движење на четирите тркала AMG Performance 4MATIC, моторот комбинира агилност и динамика со комфорт на долги патеки: 9.4 л/100 км; комбинирани емисии на CO2 – 214 г/км.
Покрај ова деби на саемот прави и новата C-класа, која е претставена од верзии на лумузина и комби со новите бензин и дизел мотори како и со plug-in хибридни модели.
Се работи за најуспешната моделна серија на Mercedes-Benz, која во петтата година од производството добива многу пдобрувања. Покрај тоа што има стилска промена во дизајност има и целосно нова електронска архитектура. Се предлага целосно дигитален инструментален дисплеј и мултимедија.
Импресивна појава на саемот во Женева има и новата Mercedes-AMG G 63 (комбинирана потрошувачка: 13.л l/100 км; CO2 комбинирана потрошувачка на емисии: 299 г./км). Автомобилот има претрпено најголема трансформација во својата историја.
Покрај ова Mercedes-Benz во Женева ја претстави и новата X-класа во верзија на шест-цилиндричен мотор и постојано движење на сите тркала. Х-класата ги комбинира типичните карактеристики за пикап: моќност, функционалност и издржливос, со специфичните црти за брендот: дизајн, комфорт, динамика и безбедност. Со својот СУВ дизајн Х-класата сосема природно се запиша во портфолиото на Mercedes.
Ексклузивниот бренд Mercedes-Maybach исто така ја избра Женева за светска премиера на новиот Mercedes-Maybach Sкласа.