Што означува бојата на регистарските таблички?

ОБЈАВЕНО НА:

Првата земја која ги воведе регистарските таблички била Франција и тоа во далечната 1893 година. Потребни биле дури три години за уште една европска земја да ги воведе како задилижителни. Станува збор за Германија, а во 1898 година биле воведени и од страна на Холандија.

Иако за многумина тие се само една обична табличка за идентификација на возилото, колекционерите ќе ви кажат дека регистарските таблички се уметност. За нивното значење и толкување може да се создаде посебна општествена наука. Но еве, дали знаете што означуваат боите на овие таблички?

Возилата со бела позадина најчесто се цивилни односно се кристат кај автомобилите во сопственост на населението. На бела позадина може да бидат испишани карактери и на таблички на меѓународни оргнизации и мисии како на пример оние при Обединетите Нации.

Карактерите испишани на црна или сина боја се таблички кои се користат за означувње на дипломатски и конзуларни претставништва.

Зелената боја пак, се користи за странци на кои им е одобрено престојување во земјата, а во многу земји и за означување на земјоделската механизација. Во некои земји со овие таблички се означуваат и возилата за достава (комбиња, камиони…).

Со портокалова позадина, исто така во многу земји, се означуваат возилата кои се во припадност на војската.

Иако дел од нив се регулирани со меѓународни декларации и договори, во многу земји, боите на табличките се регулирани со национални закони и прописи.
Следете не и на:

24AUTO NETWORK