Врз основа на 52 анализирани пазари, специјализираната агенција JATO Dynamics ги објави податоците за автомобилскиот бизнисво минатата година. Според податоците на агенцијата, во 2017, во глобални рамки биле продадени 86,05 милиони нови автомобили (патнички и лесни товарни), што претставува зголемување од 2,05 милиони единици во споредба со 2016 година.
Според податоците на агенцијата, најдобро продаваната автомобилска марка во текот на изминатата година била Toyota со раст од 5 % до ниво од 7.843.423 единици, а во првите три влегуваат и Volkswagen со подобрување од 3 % до 6.639.250 единици и Ford со намалување од 2 % до 5.953.122 единици.
Во Топ 10 на најпродаваните автомобилски брендови на глобално ниво за 2017 година влегуваат:
Honda – 4 967 689
Nissan – 4 834 694
Hyundai – 3 951 176
Chevrolet – 3 857 388
Suzuki – 2 891 415
Mercedes – 2.534.181
Kia – 2.511.293
Најпродаван модел за изминатата година е Ford F-Series со 1.073.285 возила, а по него се наоѓаат Corolla – 924.118, Golf – 867.145, X-Trail / Rogue – 814.495, Civic – 800.380 , RAV4 – 770.296, CR-V – 749.151, Tiguan – 696.383,