Што најмногу се продава во Латинска Америка?

ОБЈАВЕНО НА:

Пазарот на автомобили во Латинска Америка безуспешно се обидува да го фати чекорот со европскиот, северноамериканскиот и кинескиот. Причината е повеќе од јасна, а тоа е економската моќ на жителите кои живеат во земјите во овој дел од светот.

Сепак, тоа не значи дека во овие земји не се продаваат автомобили. Тоа го покажуваат и бројките за минатата година каде може да се забележат солидни бројки, ако се знае дека овие земји беа најмногу погодени од пандемијата на коронавирусот.

Земајќи ги во предвид продажните бројки од 41 земја од Централна и Јужна Америка, како најголеми пазари на автомобили се издвојуваат националните пазари на Бразил, Мексико и Аргентина. При тоа, во овие, но и останатите земји, најпродаван автомобил за минатата календарска година е Chevrolet Onix. Овој модел кој пет години по ред е на врвот, е продаден во 195.176 примероци што претставува 4,7% од вкупно продадените автомобили.

На втората позиција со продадени 104.156 примероци е Toyota Hilux, кој особено е продаван во Бразил. Со пазарен удел од 2,5% односно продадени 102.803 примероци, на третата позиција се наоѓа Ford Ka.

Volkswagen Gol бележи пад на продажбата и сега е четвртиот најпродаван автомобил во Латинска Америка со продадени 100.577 примероци. Во најпродаваната петорка место има уште за Nissan Versa кој е продаден во 95.525 примероци.

Од позицијата број шест па до десеттата позиција се наоѓаат: Hyundai HB20 (87.877), Fiat Strada (84.647), Chevrolet Onix Plus (83.400), Volkswagen T-Cross (76.276) и Renault Kwid (75.133).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK