Што ли ќе остане од Fiat? Наскоро прекинува производството на 500 и Panda

ОБЈАВЕНО НА:

Спојувањето на FCA со PSA ќе придонесе за голема реконструкција кај брендовите кои се под FCA. Претходно Alfa Romeo го објави новиот план во кој се исфрлени неколку најавувани модели и сведување на понудата на само три модели и во следните години.

Сега на ред дојде и Fiat кој ќе го напушти А сегментот, сегмент во кој историски овој бренд со децении наназад беше вистински владител.

Ова го потврди првиот човек на FCA, Мајк Манли кој потврди дека ќе се напушти А сегментот и компанијата ќе се преориентира кон B сегментот кој според него е далеку повеќе популарен, но и повеќе профитабилен. Една од причините за ова се WLTP процедурите според кои моделите на Fiat во A сегментот, Panda и 500 испуштаат повеќе од дозволеното штетни гасови.

Заминувањето на моделот 500 чија продажба на годишно ниво надминува над 100 илјади возила 10 години по ред како и моделот Panda кој е втор најпродаван во Европа во својот сегмент ќе значи воведување на новата генерација на Punto.

Ова исто така ќе значи дека како и кај Alfa Romeo, така и Fiat во понудата ќе остане само со 2-3 модели.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK