Што пишува на налепниците на гумите?

ОБЈАВЕНО НА:

Ознаките на гумите од Европската унија даваат важни информации за безбедноста на секоја гума и за нејзиното влијание на околинта. Помагаат при споредувањето на гумите со оглед на контактот со влажните подлоги, како и ефикасна потрошувачка на гориво и врева.

Каде може да се пронајде?
Ознаката би требало да биде на самата гума. Законот пропишува дека Европската унија ги означува гумите. Ако не можете да ја пронајдете ознаката на гумата тогаш треба да го прашате дистрибутерот.

Ефикасна потрошувачка на гориво

Дали знаевте дека до 20 проценти од потрошувачката на горивото оди на гумите? Со изборот на гуми со висок индекс на ефикасна потрошувачка на горивото ќе добиете повеќе километри од својот резервоар со помала емисија на CO2.

Како гумите ефикасно го трошат горивото?

Едноставно речено, на гумите кои ефикасно го трошат горивото им треба помалку енергија за вртење. Затоа се користи и помалку гориво.

Како се оценува ефикасната потрошувачка на гориво?

Ефикасната потрошувачка на гориво се оценува од А до G на скала во боја.

A (зелено) = највисока оценка на ефикасна потрошувачка на горивото.

G (црвено) = најниска оценка на ефикасна потрошувачка на горивото.

Оценката D не се користи за патнички автомобили.

Значење на наведените оцени

Разликата меќу оценките А и G може да значи смалување на потрошувачката на горивото и до 7,5 %. Со одбирањето на гумите со оцена А место гуми со оцена G можете да заштетите повеќе од шест литри гориво на секои 1.000 километри.

Што уште влијае на ефикасната потрошувачка на гориво?

Нискиот притисок во гумите – Ако гумите не се исправно напумпани, тоа ќе ја зголеми отпорноста на тркалање и ќе влијае на триењето во влажни услови.

Тежината на возилото – Тежината на автомобилот и начинот на возењето можат да направат голема разлика. Потрошувачката на горивото може да се смали со енергетски ефикасно возење (познато и како „еко возење“).

Прикажаните вредности на ознаките служат само во илустративни цели. Вредноста за одредена линија/големи на гума може да варира.

Контакт на влажни патишта

Контактот на влажните патишта е спосбност за кочење на гумите на мокри патишта.

Контакт на влажни подлоги?

“Контактот на влажни подлоги“ ја означува способноста на гумите во влажни услови да се задржуваат на патот. Рејтингот на Европската унија се фокусира на еден аспект на лепење на влажните подлоги, а тоа е издржливоста на гумите при кочење на мокро.

Како се оценува контактот на влажните подлоги?

Контактот на влажните подлоги се оценува од А до F:

A = највисока оцена

F = најниска оцена

Оцените D и G не се користат за патничките автомобили.

Значење на наведените оцени

Во опасна ситуација и неколку метри може да направат разлика. Во патничкото возило кое кочи со цела сила при 80 км/ч, комплетот гуми со оцена А ќе има потреба за запирање од 18 метри помалку во однос на комплетот гуми со оцена F.

ЗАБЕЛЕШКА: Секогаш следете ги препораките за запирање додека возите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK