Што ќе вози Роналдо на тренинг во Јувентус? (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Главниот спонзор на фудбалската екипа на Јувентус од Торино е Jeep, а неодамна во овој тим пристигна Кристијано Роналдо од Реал Мадрид и тоа за нешто повеќе од 100 милиони евра. Затоа не зачудува фактот што најголемата ѕвезда на Јувентус веќе седна во својот нов автомобил.

Jeep (дел е од FCA групацијата, која како и Јувентус делумно е во сопственост на моќното италијанско семејство Ањели) на Португалецот му подари најсилен модел во понудата, Grand Cherokee Trackhawk кој ма 700 коњски сили, а до нив се стига благодарение на 6,2 литарскиот V8 мотор заедно со 8-степен автоматски менувач потпомогнат со компресор кој постигнува перформанси на супер автомобил.

Без блокада, овој теренец е во состојба да постигне 290 км/ч додека до стотка од стоење стига за само 3,7 секунди. Тоа е понуда достојна за португалскиот бомбардер кој во својата гаража веќе има автомобили како Bugatti Chiron, Bugatti Veyron, Ferrari 599 GTB  и GTO, Rolls-Royce Ghost, Lamborghinija Aventador и Porsche Carrerа 911.

Сивиот Jeep Grand Cherokee Trackhawk е вреден 130.000 евра, а по изгледот би можел да биде сместен во категоријата “Sleepera” речиси како обичен СУВ какви има безброј на патиштата. Сепак, во однос на перформансите е вистинска ѕверка.

Се работи за единствениот примерок за кој зборуваат детали како неутралната сива боја, посебни алуминиумски тркала од 20 инчи и коќна внатрешност во „табак“ варијанта, која не е во конфигурацијата, па претпоставуваме дека овие измени се додадени како посебна желба на ѕвездата на Јувентус.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK