Што ќе биде ново од VW во 2017: VW Polo, Skoda Yeti и Porsche Cayenne

ОБЈАВЕНО НА:

Кризата со која се соочи VW лани не ги помати плановите на компанијата иако неколку милијарди евра се потрошени за исправање на грешките од Дизелгејт. Германците ја зголемија продажбата за 3,8 отсто лани, и во 2016 година продадо акупно 10,3 милиони возила. Сега сакаат таа бројка и да ја зголемат, а за тоа ќе имаат и нови модели да им понудат на купувачите. Се очекува околу 60 нови модели, и модификации да бидат понудени годинава.

Volkswagen е подготвен за лансирање на два мали хечбека – VW Polo и Seat Ibiza. И двата модели ќе бидат базирани на новата модуларна MQB платформа.
Меѓу новите модели што секако се интересни се и VW Touareg и Skoda Yeti.

Skoda Yeti 2017

И луксузните дивизии од Инглоштад, Porsche, Audi и Bentley исто така ќе понудат нови генерации на модлеите Porsche Cayenne, Audi A8 и Bentley Continental GT. Со цел да го подобри имиџот компанијата ќе се фокусира на модели што ќе бидат „еко френдли“ и ветија 10 електрични возила во 2017-2018.

Први што ќе дебитираат се малите модели од новата генерација на Seat Ibiza, и сестрата со германски пасош – VW Polo. Двата модели се потврдени за саемот во Женева.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK