Што ќе биде ново од Cupra за 2025

ОБЈАВЕНО НА:

Во 2025 година, ибериската марка планира да го рестилира Born и baby Raval, електричниот автомобил за помалку од 30.000 евра…

Оваа 2024 година беше полна со новитети за Cupra како што се рестилизирањето на Formentor и Leon и дебито на Terramar, но и 2025 ветува дека ќе биде подеднакво интересна за Cupra. Шпанската марка ќе го претстави рестилизираниот Born и, пред сè, ќе го лансира Raval, неговиот најпристапен електричен модел кој ветува вкусен стил и забележителни технички карактеристики.

Подновување на Cupra Born
Првото ажурирање доаѓа за Born. Веќе видено на некои шпионски фотографии, рестилизирањето на Cupra треба да се однесува речиси исклучиво на естетиката и ентериерот, со усвојувањето на новиот стил на фарови прикажани на Formentor, Leon и Terramar.

На таблата треба да најдеме нов информативно – забавен дисплеј и нови седишта. Веројатно е и ажурирање на погонската група, при што сегашниот опсег се состои од два мотори со моќ од 231 КС и од 326 КС и три варијанти на батерии, со капацитети од 59 kWh, од 77 kWh и од 79 kWh.

Cupra Raval
Cupra се подготвува да влезе во компактниот електричен сегмент со Raval, кој се очекува да се појави подоцна, во 2025 година и е базиран на веќе покажаниот концепт, наречен UrbanRebel.

Овој модел, тесно поврзан со Volkswagen ID.2all,  а од тоа што засега се знае би требало да има проценета вредност на некаде помеѓу 25.000 и 30.000 европски банкноти, што го прави најпристапниот електричен crossover модел во гамата на шпанскиот производител на спортски модели.

Естетски, Raval ќе го преземе смелиот стил типичен за Cupra, со преден дел што е инспириран од моделите Tavascan и Terramar.

Како што се гледа во изложениот рендер во овој напис, се издвојуваат триаголните детали, изразените лакови над тркалата, како и означените линии. Внатрешноста може да интегрира решенија добиени од „ Pater Familus “  Volkswagen ID.2 аll, како што се 10,9 инчен (во дијагонала) дигитална инструмент табла и 12,9 инчен = централен дисплеј, обезбедувајќи напредна технологија и поврзување.

Покрј тоа познато е и дека Rava ќе се базира на платформата MEB Entry, споделена со групацијата Volkswagen, со напред поставен електричен мотор. Очекуваната моќност е околу 226 КС, додека автономијата би требало да достигне некаде околу 450 km. Во овој контекст може и да се наведе дека со брзо полнење  на батеријата таа може да се наполни од 10 до 80% на нејзиниот капацитет за само 20 минути. Повеќе детали се очекуваат во наредните месеци, односно очекуваме откривање на деталите да се одвива чекор по чекор за да се задржи вниманието на јавноста до лансирањето на автомобилскиот пазар на Стариот континент на овој crossover модел од Иберискиот полуостров.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK