Што го оштетува воланот на автомобилот?

ОБЈАВЕНО НА:

Оштетен волан упатува на негрижа на сопственикот кон автомобилот и на неговата старост. Но кои се најчестите причини за оштетувањата на воланот на автомобилот. Во текот на топлите месеци (летото) многу често користиме крема за сончање, лосион за чистење раце и производи за заштита од инсекти. Тие во летните месеци се продаваат побрзо и од некои прехрамбени производи кои се на акција во некој маркет.

Но истото е и сега со користењето на средствата за дезинфекција. Многу често се користи лосионот за чистење на раце, кој содржи до 80 проценти на етанол. Тој може да биде причина за побрзо оштетување на воланот.

Но, најмногу грешиме во текот на летото и топлите месеци. Прво се бориме против сонцето во утринските и попладневните часови, па против инсектите во предвечерието, а потоа повремено рацете ги топиме во проѕирна течност, која ги претвора во зона без бактерии.

Сепак, со сите овие средства постои еден проблем: хемикалиите во нив можат да ги оштетат деловите на внатрешноста, како што е воланот на пример. Ова истражување е направено од страна на инженерите на Ford.

„Дури и најбезбедниот производ може да предизвика оштетување ако доаѓа во контакт со одредени површини во автомобилот, стотици или илјадници пато во текот на една година“, вели Марк Монтгомери, инженер во европскиот центар за материјали на Ford.

 

Во кремите за сончање голем удел има титаниум диоксид, кој може да реагира со кожа на управувачите или со кожните навлаки на седиштата. Во Ford ги следеле и големите и чести оштетувања на внатрешноста на автомбилите во Турција и тоа успеале да го поврзат со претераното користење на лосионот за чистење на раце, кој содржи до 80 проценти на етанол.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK