Што ги поврзува Ford Mustang и Дарт Вејдер?

ОБЈАВЕНО НА:

Кога станува збор за фејслифт тогаш не се очекуваат драматични промени во изгледот, но тоа не е случај со Ford Mustang од моделската 2018. Таму има доста интересен изглед на предниот дел од возилото што сосема се разликува од досегашниот изглед.

Но, интересно е објаснувањето на Мелвин Бетанкорт, менаџерот за дизајн во Ford. Тој вели дека инспирацијата доаѓа од Dart Vejder, познатиот лик од „Војна на ѕвездите“.

„Кога го создававме новиот Mustang тимот сакаше тој да биде со нов изглед што ќе бид епоагресивен, и место каде најдовме инспирација за тоа е еден од најпознатите негативни ликови на сите времиња. Заоблените ноздри и контурите на маска на Дарт Вејдер станале инспирација за новите округли светло за магла на Mustang и предниот дел од изгледот, изјави Бетанкорт.

Со еден брз поглед на предната страна на Mustang ќе се видат многу сличности. На пример триаголниот облик на усните на Дарт Вејдер е пресликан во страничните светла за магла на Mustang и малите влезови за воздух.

Кога Mustang од моделската година 2018 ќе биде достапен кон крајот на годината, купувачите ќе може да избираат меѓу 2.3 литарскиот EcoBoost четирицилиндричен мотор или пак најсилниот 5.0 литарски V8.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK