Што е подобро: Шлепање на камион или влечење со јаже?

ОБЈАВЕНО НА:

Во само неколку километри нестручно и неразумно влечење, моторот и преносот можат да се потрошат повеќе отколку во неколку илјади километри нормално возење.

Дали некогаш сте се нашле во ситуација да морате некој пријател да го влечетете бидејќи автомобилот му се расипал? Ако се најдете во таква ситација, правете го тоа многу внимателно бидејќи “шлепањето” е рискантана и опасна работа. Особено ако се работи невнимателно. Со оглед на тоа што поголем дел од возниот парк сега е заменет со „нови возила“  кои се понови од досегашните стари, нормално е да има и помалку дефекти. „Новите шофери“ сега помалку се разбираат во мотористиката на возилото, па и тешко е да се справиш со електрониката што се вградува, и затоа наједноставно решение е да се повика шлеп служба.

Според истражувањата на германски АДАК, во Германија секоја година при “шлепање” се случуваат неколку стотина “поблаги” или потешки сообраќајки. Кај не постојат такви податоци, но, со такво возење се загрозуват сигурноста во сообраќајот.

Автомобилот баш и не сака такви авантури, бидејќи во таква ситуација моторот и преносниот механизам се оптеретуваат, особено на долги релации. Тоа најдобро ќе го видите на мерачот на температура на моторот. Во само неколку километри нестручно и неразумно влечење, моторот и преносот можат да се потрошат повеќе отколку во неколку илјади километри нормално возење.

Тоа незначи дека секогаш треба да се избегнува “шлепањето”, бидејќи треба да им се помогне на оние што се во неволја. Сепак тоа применувајте го само во случај кога не може да се најде шлеп служба, бидејќи товарењето на возилото на камион е најсигурната работа и нема да имате никаков проблем да стигнете до сервис.

Многумина од возачите незнаат како да влечат возило, ниту пак како да се однесуваат додека го прават тоа. Правилно однесување и користење на квалитетна сајла можат многу да ви помогнат ако се најдете во ваква ситуација.

Важни совети:
* автомобилот “шлепајте” го само ако е тоа неопходно. Тоа мора да биде последно решение.
* избегнувате шлепање на автомобил кој е многу потежок од вашиот
* автомобилот што влече мора да биде потполно исправен, а возилото што се влече мора да имаисправни сопирачки, управувачки механизам и сигнализација
* ако автомобилот кој го “шлепате” има серво сопирачки, проверете дали има доволно сила за сопирање без помош на серво уредот. Во спротивно повикајте шлеп служба
* за влечење користете исклучиво оригинално јаже кое има амортизери и место за закачување
* јажето прицврстете го на предвидено место, на иста страна кај двата автомобили (а не дијагонално) и никако за делови на суспензијата на возилото
* на двете возила истакнете сигурносни “триаголници” и запалете четири трепкачи. Во автомобилот што се влече треба да бидат вклучен контактот за да работат “штоп” светлата
* движете се полека и со среден гас, развлечете ја првата брзина до поголем број на вртежи за втората да прифати полесно. Секогаш возете најмалку со еден степен помала брзина, отколку ако сте без “приколка”
* пред поголема нагорнина земете залет, а ако застанете на нагорнина, вратите се (ако е можно) на рамен дел и потоа тргнете
* во автомобилот што се влече секогаш треба да се држи ногата до педалот за сопирање. На правец притиснете лесно, едвај забележливо, а на удолнина посилно, и секогаш јажето за влечење да биде оптегнато
* возете внимателно и полека, најмногу со брзина од 50 км/ч. Немојте да престигнувате други возила, држете поголемо растојание од возилата пред вас. На семафор запрете штом ќе почне да трепка зеленото светло.

Внимателно ако имате автоматски менувач
Доколку имате возило со автоматски менувач, тогаш единствено што треба да знаете е како производителот предлага да се изведе шлепањето, бидејќи истото е малку проблематично. За разлика од обичните мануелни менувачи, автоматскиот бара моторот да работи додека се шлепа поради подмачкување и ладење на скоповите, и не смее да се шлепа во N, туку исклучиво во D.

На кратки релации тоа е можно дури и во N позиција, но некои производители препорачуваат да се извади погонското вратило во случај на подолго влечење. Најчесто моделите со автоматски менувач мора да се качат на шлеп служба за да може да се однесат до сервис.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK