Новата осма генерација на бестселер на Volkswagen групацијата, моделот Golf треба да се појави во 2019 година и она што е познато е дека нема да има електрична опција. Тоа е најпродаваниот модел на компанијата, но и воопшто на пазарот. Вистински крал.
Новиот Volkswagen Golf 8 е во фаза на интензивен развој, а премиерата е закажана за 2019 година, изјави член на Одборот на директори на компанијата, Јирген Шакман.
Новата генерација ќе порасне во димензии иако ќе биде полесна за 50 кг. на сметка на пошироката употреба на алуминиумски детали.
Дизајнот нема да подлежи на револуционерни промени, туку со еволутивен карактер на неколку претходни генерации. Палетата мотори ќе биде доста широк – кај бензинските главниот акцент ќе падне врз 1.0 и 1.5 литарските, а кај турбодизелите ќе има 1.6 и 2 литарски агрегати.
Volkswagen Golf GTI ќе го задржи својот дволитарски турбо. Бензинските и дизел моторите на осмат агенерација ќе добијат “мека” хибридна погонска единица од 48 волти. Плановите, исто така, вклучуваат верзија на хибриден погон. Иако се бара и се оди на силна електрификација на моделите, според Шакман, Golf 8 нема да има чисто електрична опција.
Има две причини за ова – првата е Volkswagen I.D. чија премиера треба да следи само еден месец по појавата на Golf 8.
Втората причина е дека платформата MQB не дава можности за монтирање на акумулатор со голем капацитет, за да се обезбеди пристоjнa километражата на автомобилот со едно полнење.