Што да очекуваме од Renault до 2025 година? (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Како дел од новиот стратегиски план RENAULUTION, брендот Renault  објави подетална шема на планот за развој за следните пет години. Без именување на конкретни имиња од францускиот бренд откриваат детали за плановите за лансирање на модели бидејќи единствениот 100% сигурен, како име, премиера за оваа година е целосно новиот пазарен предлог Arkana.

Во текот на второто и третото тромесечие за 2021 година може да се очекуваат премиерите на две нови понуди од одделот за лесни камиони на Renault, кои по секоја веројатност ќе бидат две верзии на Trafic.

На средина на годината, за францускиот бренд ќе дебитира нов автомобил во B-сегментот, а кон крајот на 2021 или почетокот на 2022 година ќе може да се сведочи за целосно новиот електричен модел, најверојатно Megane.

За 2022 година, од Renault ги очекуваат премиерите на четири нови автомобили, вклчително и 100% новиот електричен додаток во понудата за лесни камиони.

Следната 2023 година се потцртува како најмирна година за францускиот бренд со предвидени лансирања за три модели, а два од нив се целосно електрични.

Во 2024 година, Renault одново ќе атакува на пазарот, овој пат со пет нови предлози, два од нив се 100%’ електрични лесно товарни, а за 2025 година се планирани еден нов автомобил во С-сегментот и 100% електрични во В-сегментот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK