Што да направите за да не ви замрзне нафтата во резервоарот?

ОБЈАВЕНО НА:

Иако нема сериозни докази многумина тврдат дека на овие простори не може да се пронајде висококвалитетно дизел гориво, особено кога полните гориво на пумпи со сомнителен квалитет и од непознат бренд. Тоа, тврдат возачите се одразува најмногу во текот на зимата, кога на многу бензински станици се продава таканаречено летно дизел гориво. Затоа е добро да се знае начин со кој може летното дизел гориво да се користи во текот на целата година.

Како можете да дознаете дали ви продале зимско гориво? Според бојата, мирисот или текстурата? Тоа е просто невозможно да се види со голо око. Покрај тоа резервоарите за горивото на бензинските станици се длабоко под земјата, често под зоната на замрзнување. На тој начин нафтата не замрзнува таму туку во вашиот резервоар.

На таблата за објави на секоја бензинска станица може да биде напишано сè, но во резервоарите секогаш не е она што се посакува односно квалитетно гориво. Во помеките зими во случај на сомнеж, ќе биде доволно едноставно да сипете адитив или таканаречен антигел во резервоарот. Температурите не се такви за да морате да користите „посилни“ средства.

Сепак, што да се каже кога температурите ќе паднат под -20 степени? Тука нема да помогнат ниту антигел ниту други соверемени адитиви, кои се продаваат на бензинските станици. Искусните возачи на дизел автомобили и механичарите со текот на времето научиле да прават убиствен коктел, кои не се плаши дури ниту од поларните температури.

Поконкретно станува збор за смеса на дизел со керозин во сразмер од 3:1. Останува прашање: откаде човек може да добие авијациски керозин? Тој се наоѓа многу тешко, но се покажа дека има и друг начин односно начин, а тоа е гас за горење (петролеј). Течноста, која бабите ја користеле за лечење на воспалението на грло и за полнење на ламбата исто така е добра за употреба во веќеспоменатите цели.

Со додавањето на гас за горење во летното дизел гориво ќе се добие комплетна зимска нафта, која нема да замрзне. Треба да е внимава на едно правило, а тоа е да не се троши горивото до крај. Веднаш штом стрелката на мерачот за гориво ќе покаже дека ви останува уште четвртина резервоар треба да се наполни одново.

Причината е едностав. Гасот за горење не може да се меша рамномерно со горивото во резервоарот. За да не замрзне нафтата треба редовно да се надополнува. Пропорцијата е на 30 литри нафта литар гас. Важно е гасот за горење да е чист и во него да нема адитиви од ацетон.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK