Секој совет e добредојден кога се работи за дефект во текот на возење на автопат. Особено е важно да се знае како треба да се реагира во прв момент за да се спречи несакана поголема несреќа. Навремена реакција може многу да значи и да спаси и животи и материјална штета. Затоа треба да се знае као да се реагира со различни ситуации.
Има многу работи кои едноставно може да му се случат на секого. Затоа е важно да се знаат неколку основни совети за тоа што треба да се направи за безбедно да се запре автомобилот.
Неколку такви совети има и во продолжение, а се однесуваат за моментот кога ќе пукне гума. Што би требало да се направи во таков момент и без паника да се изреагира.
Не кочете нагло
Се возите на автопат со брзина од 130 км/ч и ја гледате својата работа. Одеднаш слушате силен тресок и автомобилот нагло ја менува линијата на движење. Во тој момент дознавате дека една од гумите на автомобилот е дупната.
Првата и важна работа е освен што треба да се биде концентриран во текот на целото возење, да не почнете нагло да кочите. Многу е важно сите реакции да бидат ускладени бидејќи единствено така ќе успеете мирно да го запрете автомобилот. Ако нагло и пресилно притиснете на кочницата може да дојде до извртување и тешки последици.
Постепено смалувајте ја брзината
На папучата за гас исто така треба да се притиска рамномерно бидејќи така автомобило полека самиот ќе запре на неколку стотици метри. Важно е постепено да се смалува брзината бидејќи така ќе се намали можноста за извртување на патот.
Заменете го тркалото со резервно
Ако во багажникот имате резервно тркало со гума заменете го она со оштетена гума. То се прави така што сорачната дигалка која би требало да ја имате во автомобилот ќе го кренете возилото , ќе ги одвртите штрафовите со таканаречениот Т-клуч, кој исто така би требало да го имате во автомобилот и ќе го замените тркалото.
Ако немате резервно тркало, дупнатата гума можете привремено да ја оспособите со спреј кој може да се купи во продавниците за автоделови. Тој дупнатата гума ја полни со пена(гел), која ќе овозможи да отидете до вулканизер. Ова е наједноставниот и најефикасниот спас од вакви ситуации, ако во автомобилот немате резервно тркало, дигалка или алат. Сепак, ако ништо не успее, работите ќе бидат решени со повик на некоја од дежурните шлеп-служби.
Најдобро е да се избегнува какво било возење со дупната или недоволно напумпана гума бидејќи тој маневар би можел да предизвика повеќе штета отколку корист.