Што ако ви светне сијаличка на инструмент таблата?

ОБЈАВЕНО НА:

Додека возите светнува некоја сијаличка на инструмент таблата, а вашата прва реакција е – проблем. За што станува збор и колку е тоа опасно. Но, тоа се сосема природно во вашата реакција. Само останува прашањето дали знаете што всушност значи сијаличката која штотуку светнала и ви дала некое предупредување.

Дел од она што ќе се појави на инструмент таблата веројатно ви е познато, како основните индикатори за вклучено светло, или отворена врата. Но, многумина немаат појма што значи предупредувачки светло за притиоск на гумите или симбол што укажува на проблем со филтерот за дизелски честички.

Уште помалку ретко кој знае, колку е сето тоа итно за поправање, или системот во автомобилот само ве предупредува.
Во автомобилската индустрија постојат вкупно 64 различни ознаки што се користат.

Еве објаснување за сите нив.

1. Индикатор за притиснат кумплунг
2. Притисната сопирачка
3. Заклучен (блокиран) управувач
4. Долги светла
5. Слаб притисок во гумите
6. Вклучени странични светла
7. Проблем со светлата
8. Проблеми со стоп светлата

9. Зимски услови
10. Погледни информација на монитор
11. Активирани грејачи на дизел мотор
12. Предупредување за млаз
13. Проблеми во системот за стартување
14. Клучот не е во возилото
15. Слаби батерии во клучот
16. Премало растојание од најблиското возило

17. Потсетување за сервис
18. Вклучени адаптивните предни светла
19. Корекција на аголот под кој работат предните светла
20. Проблеми кај задниот подвижен спојлер
21. Проблеми со покривот на кабриолетот
22. Исклучени предни воздушни перничиња
23. Активирана рачна сопирачка
24. Вклучени предни светла за магла

25. Проблеми со системот за управување
26. Вклучени задни светла за магла
27. Недостаток н атечност за миење на предното стакло
28. Потрошени предни плочки на сопирачки
29. Активен е темпомат
30. Покажувач на трепкачи
31. Проблем со сензорот за дожд
32. Вода во филтерот за гориво

33. Исклучено воздушно перниче
34. Механички или електро дефект
35. Вклучени предни светла
36. Филтерот за воздух треба да се смени
37. Паркинг сензорите не се вклучени
38. Проблеми со ДПФ филтерот
39. Прекин во доводот на електрична енергија до возилото што се влече
40. Проблеми со воздушната суспензија

41. Активиран систем за држење во сообраќајна лента
42. Проблеми со катализатор
43. Предупредување за некористење на безбедносен појас
44. Предупредување, паркирно светло
45. Проблеми со алтернатор или акумулатор
46. Вклучен е ECO начин на возење
47. Активирана е помош при спуштање на надолница
48. Проблеми со системот за ладење на моторот

49. Проблем со ABS систем
50. Филерот за гориво треба да се замени
51. Отворена врата
52. Отворена хауба
53. Резервоарот е на резерва, треба полнење гориво
54. Проблеми со автоматскиот менувач
55. Активиран е ограничувач на брзината
56. Проблеми со суспензијата (амортизери)

57. Одмаглување на предното стакло
58. Деактивиран е ESP
59. Отворен багажник
60. Низок притисок на маслото
61. Неисправни предни брисачи
62. Проблеми со моторот
63. Сензор за дожд
64. Греење на задното стакло

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK