Стотици илјади автомобили се оштетени од тропската бура „Харви“, која пред неколку денови го погодни во јужниот дел на американската држава Тексас. Аналитичарите на Cox Automotive предвидуваат дека речиси половина милион возила ќе бидат однесени на отпад.
Ова значи дека по сегашната катастрофа, бројот на неупотребливи автомобили и камиони ќе биде двојно повисок од ураганот „Сенди“, кој го погоди Њујорк и Њу Џерси во октомври 2012 година. Тогаш 250.000 автомобили беа уништени.
Причината за оваа разлика не е само заради катастрофалната моќ на „Харви“, туку и на фактот дека семејствата во Тексас обично имаат повеќе од еден автомобил. Се очекува дека многу возила ќе бидат поправени, а потоа нивните сопственици ќе се обидат да ги продадат.
Во меѓувреме, властите во Хјустон и неколку окрузи уапсија 14 лица осомничени за грабеж за време на катастрофата. Во врска со тоа, полициски час беше воведен во окрузите Брезорија и Хјустон.
Обвинителот на округот, Харис Ким Ог предупреди дека секој што влегол во приватен дом или бизнис за кражба ќе биде казнет според закон. Таа потсети дека законот во Тексас предвидува доживотна казна за такви кривични дела.