петок, 25 октомври, 2025 година

Шпиунски фотографии го открија изгледот на новиот Kia Sorento

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

И додека се чека 17 февруари кога официјално ќе биде претставена новата генерација на Kia Sorento, на интернет се појавија првите шпиунски фотографии кои го откриваат изгледот на овој модел.

Специјализираниот портал за автомобилизам Carscoops ги објави ексклузивните фотографии од внатрешноста и надворешноста на овој модел. Оттука, новиот Sorento доаѓа со препознатливата тигреста решетка на предниот дел како и одредени дизајнерски детали инспирирани од новиот Telluride.

- Advertisement -

Ова особено е забележително на задниот дел од SUV моделот каде формата е идентична како и Telluride, но со различна форма на стоп светлата.

Внатрешноста исто така ја следи препознатливата дизајнерска филозофија на корејскиот производител, а тука доминираат двата дигитални екрани.

Во производство и продажба влегува уште оваа година, а јужнокорејскиот производител веќе ја објави и понудата на мотори. Така во понудата овој модел ќе биде достапен со 9 нови или унапредени мотори. Тука е основниот 1,6 T-GDI мотор како и помоќниот 2,2 литарски CRDi мотор со 200 КС. Во понудата ќе биде и plug-in хибридна верзија која ќе може да помине до 68 километри со едно полнење.

Првата генерација од овој модел беше лансирана во 2002 година, а новата, четврта, доаѓа откако во 2016 година беше претставена третата генерација.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја