Шпанците бараат забрана за користење девојки на патеките во мото-спортот

ОБЈАВЕНО НА:

Брзите возила и мотори, трките и мирисот на бензин секогаш оделе заедно со девојки, кои понекогаш се облечени многу „сиромашно“, па медиумите повеќе ги забележуваат нив отколку возачите. Каталонската политичка партија Iniciativa per Catalunya Verds е втората шпанска партија која последниве месеци побара воведување регулатира со која би се регулирало користењето и улогата на девојките на матеките во мото-спортот.

Според информациите од партијата, таквата пракса е окарактеризирана како сексистичка и затоа не и е местото во спортот. Новите правила би требало да стапи на сила до трката за ГН на Каталуња, а не би го забранила нивното присуство, туку би го регулирала нивното облекување.

Овој потег на каталонската партија доаѓа откако градското собрание на Херез го усвоило предлогот за прекинување на праксата на минатогодишната трка. Но Дорна подоцна го отфли овој предлог.

Некои МотоГо тимови веќе престанаа да користат девојки како што е тоа Aspar, бидејќи имаат спонзор во Pull&Bear, и тоа не е сликата што сакаат да ја пратат во светот.

Засега ова се однесува само за Мото ГП трките.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK