Шпански трик: Како да го разладите автомобилот најбрзо (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Топлите лета носат доста предизвици, но најголем од нив е разладувањето на автомобилот по одредено време поминато под сончевите зраци.

Постојат повеќе совети, повеќе трикови за тоа како најбрзо да го разладите автомобилот. Еден од нив подразбира да ги отворите прозорите, а истовремено да ја вклучите климата во автомобилот. Со тоа, ладниот воздух ќе го истисне топлиот од кабината на возилото.

Сепак еден од најдобрите трикови можеби, ги вклучува следните чекори кои треба да ги направите:

  1. отворете ги целосно прозорите на вратите на едната страна
  2. истовремено отворете ја спротивната предна врата
  3. потоа неколку пати придвижувајте ја спротивната предна врата напред-назад

Погледнете како Шпанците се справуваат со жешкото време во своите возила.

https://www.abc.es/espana/abci-interior-coche-grados-disparan-5472339123001-20170615024003_video.html#

Со оваа техника, според истражувањето, можете да ја намалите температурата во возилото за значителни од 5 до 10 степени.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK