Шпанија со радикална мерка: Го забрануваат и бензинот и дизелот

ОБЈАВЕНО НА:

И додека германските еградови полека, но сигурно ги забранува штетните дизел автомобили, а скандинавските земји најавија дека наскоро во целост ќе го забранат дизелот, Шпанија оди чекор понапред и најави забрана и на дизелот и на бензинот.

Оваа земја членка на Европската Унија во својот стратешки план за одржлива околина предвидува од 2040 година да се започне со постепено забранување на автомобилите на дизелски и бензински погон.

“Некои од најважните и неопходни промени ќе го афектираат транспортниот сектор” стоеше меѓудругото во документот за климатски промени кои премиерот на Шпанија, Педро Санчез се очекува да го презентира пред парламентот до крајот на годината. Во овој документ се наведува дека почнувајќи од 2040 година регистрацијата и продажбата на патнички возила и лесни комерцијални (товарни) возила кои директно испуштаат карбондиоксид нема да биде дозволено.

Социјалистот Санчез веќе во буџеотт за наредната година има вградено значителна ставка во борбата со климатските проблеми, а неговите напори се критикувани од конзервативните партии кои доминираат во горниот и долниот дом.

Доколку овој предлог помине во парламентот тогаш Шпанија ќе биде третата земја по Франција и Велика Британија кои ја поставија 2040 година како горна граница за повлекување на овие енергенси. Претходно, со слични амбиции излегоа и Данска, Холандија и Финска.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK