Шпанија со план за пренамена на фабриките на Nissan

ОБЈАВЕНО НА:

Nissan минатата година го потврди затворањето на фабриките во Шпанија и Велика Британија како и намалувањето на производствените и другите бизнис операции во повеќе други земји.

Јапонскиот производител во околината на Барселона поседува три фабрики во кои работат околу 3 илјади лица, а функционирањето на фабриките индиректно вработува уште околу 20 илјади лица. Секако, затворањето на фабриката не само што претставува удар за самите работници и локалната економија туку и генерално, за целокупната шпанска економија.

Во целата оваа ситуација се вклучуваа и владите на Шпанија и Каталонија кои изминатиот период бараа купувач за овие производствени погони со оглед на тоа што тие се наоѓаат на државно земјиште.

Последната вест која доаѓа од престолнината на Каталонија говори дека во овие фабрики наскоро би можело да започне производство на батерии кои би се користеле во автомобилската индустрија. За да се случи тоа, Battery Hub бара од шпанската влада помош од 6,8 милијарди евра, пари кои Шпанија може да ги обезбеди од европскиот пакет за помош и опоравување од коронавирусот.

Сето ова го соопшти премиерот на Каталонија, Арагонес, кој на прашањето дали Battery Hub би можел да биде замена за Nissan изјави дека тоа е можно.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK