недела, 25 декември, 2025 година

Шпанија ќе ја ограничи брзината на тротинетите

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Главната дирекција „Патничко движење“ од Шпанија (Dirección General de Tráfico, DGT) предлага брзината на електричните тротинети во земјата да биде ограничена на 25 км/ч. Причината за ова е во првиот смртен случај, предизика од скутерче на струја.

Ако ова барање биде примено, тогаш ограничувањето ќе важи за целата територија на Шпанија, но локалните власти ќе можат да воведуваат дополнителна регулатива со цел безбедност. Од DGT исто така сметаат дека возачите на електрични тротинети треба да бидат проверувани за консумирање на алкохол и наркотици.

- Advertisement -

Поводот за овој предлог е смртта на 90-годишна жена која била удрена од електрично скутерче кое се движело со 30 км/ч средна брзина за овој вид на превозни средства. При ударот бабата, која инаку била со одлично здравје, паднала и удрила со главата во асфалтот. Неколку дена подоцна починала во болница од добиените повреди.

Инцидентот се случил уште во август во градот Есплугес де Љобрегат во провинцијата Барселона, но добива на публицитет дури сега. На тротитенот се возеле двајца, а младиот маж, кој управувал зборвал на телефон. Ако вината биде докажана тој ќе биде суден за предизвикување на смрт од невнимание.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја