петок, 26 февруари, 2026 година

Шок за Stellantis – 22 милијарди евра трошок поради електричните автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Stellantis се соочува со сериозен финансиски удар откако компанијата објави дека ќе книжи 22,2 милијарди евра дополнителни трошоци во втората половина од фискалната 2025 година. Главната причина е преценувањето на брзината на транзицијата кон електрични автомобили.

Веста веднаш се одрази на берзата, при што акциите на компанијата забележаа значителен пад. Само во текот на еднодневно тргување, вредноста на акциите опадна за околу 23 проценти.

- Advertisement -

Од Stellantis објаснуваат дека станува збор за длабоко „ресетирање“ на компанијата. Според соопштението, целта е да се постави бизнисот на поодржлива основа и да се обезбеди долгорочен раст.

Извршниот директор Антонио Филоса изјави дека дополнителните трошоци во голема мера се последица на преценетата динамика на преминот кон електрични возила. Според него, дел од проблемот се и претходни оперативни слабости, чии последици новиот менаџерски тим постепено ги адресира.

Stellantis веќе подолг период се соочува со предизвици. Кон крајот на 2024 година беше сменет тогашниот извршен директор Карлос Таварес, а во јули функцијата ја презеде Филоса, кој веднаш започна со реорганизација на управувачката структура.

Во 2024 година компанијата пријави нето добивка од 5,5 милијарди евра, што е пад од 70 проценти во споредба со претходната година. Новите трошоци дополнително го засилуваат притисокот врз групацијата која ги обединува брендовите Jeep, Fiat, Opel, Citroen и Peugeot.

Од вкупните 22,2 милијарди евра, околу 14,7 милијарди се поврзани со прилагодување на производствените планови и новите регулативи за емисии во САД. Дополнителни 2,1 милијарда евра се однесуваат на прилагодување на синџирот на снабдување за електрични возила, додека 5,4 милијарди евра се поврзани со други деловни промени.

Компанијата најави дека на 26 февруари ќе ги објави официјалните финансиски резултати за изминатата фискална година. Во меѓувреме, и други автомобилски производители како Ford и General Motors веќе најавија повеќемилијардни отписи поврзани со инвестиции во електрични возила, што покажува дека целиот сектор се соочува со сериозни корекции.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја