Школа на зимско возење (1 дел) – Не стискајте многу на гаста

ОБЈАВЕНО НА:

Како да се тргне, возење и сопирање по снег, мраз и влажна подлога, се возачки вештини што не се учат во авто-школа, туку се стекнуваат само со практично вежбање. Возење по дебел слој на снег, замрзнати собраќајници и вистинска снежна бура (лапавица), проблеми при тргнувањето, управувањето, и застанување по лизгав пат, се состојби на кои почетниците само теоретски се запознаваат.

Декември го поминаваме без снег на улиците. Но зимата трае до крајот на март, а јануари и февруари се подеднакво лоши месеци за возење, ако има снег на коловозот. Повеќето возачи кои само што положиле возачки испит, но и оние со подолго стаж, но со недоволно искуство, им недостасува најважното, практичното искуство на возење на снег и мраз, што за жал мора да се добие во секојдневниот сообраќај со висок ризик од сообраќајни незгоди. Возење на дебела прекривка од снег, замрзнати патишта и вистинска снежна бура, проблеми со движењето, управувањето, како и запирање на екстремно лизгав пат, се услови на кои возачите почетници само теоретски површно се запознаени.

sneg-vozenje-1

ШТО ПОНЕЖНО, ПОБЕЗБЕДНО Е!
Големо количество на снег и во релативно краток временски период и ниски температури на воздухот знаат да го парализираат сообраќајот, а возачите се движат во долги колони со брзина на полжав.
Повеќето возачи незнаат да возат во такви тешки зимски услови, па со благовремено учење може да се намалат енормно големиот број на сообраќајки, кои благодарение на малата брзина најчесто се само материјални, но, често и со големи суми, а осигурителните компании тогаш и најмногу имаат работа, околу преценката на штетите и нивната исплата. Возење по снег и мраз бара голема возачка вештина, која за жал не се учи во авто-школа.
Како да се тргне, вози и сопре по снег и мраз, се вештини што се стекнуваат само со практично вежбање. Прво и основно возачко правило за возење по снег и мраз е – нежност. Сите работи поврзани со управување на автомобилот мораат да се изведуваат нежно, полека и со големо чувство, бидејќи груби и нагли движења и реакции брзо ќе го занесат возилото, што најчесто завршува со губење на контролата над управувањето, излетување од патот и сообраќајна несреќа.

epa03542979 Cars drive around Richmond Park in difficult snow conditions in south west London,  18 January 2013. Severe winter weather is afecting the UK with blizzards and up to 30 cm of snow expected.  EPA/FACUNDO ARRIZABALAGA

ТРГНУВАЊЕ
Кога сте го исчистиле автомобилот од снег и мраз, можете да седнете и да тргнење, го стартувате моторот и почнување со возењето. Ако пред возилото и тркалата има полно „ненатапкан снег“ потребно е со нога или подобро со лопатка (која е дел од зимската опрема) делумно да се исчисти. На неискусните возачи најголем проблем им е како да тргнат од место, бидејќи поради намаленото триење на погонските тркала има пролизгување на самото место. Затоа на снег и мраз потребно е да додавате иста количина на гас, но, педалите на кумплунгот да се отпуштаат поспоро и понежно, отколку кога се тргнува на сува подлога, за да може тркалата постепено да ги фаќаат снегот и мразот, и да тргне возилото.
Педалот на гаста држете го подеднакво, но, ако почувствувате дека тркалата почнуваат да пролизгуваат, притиснете на кумплунгот, и кога ќе почувствувате дека пролизгувањето е прекунато, повторно полека и нежно отпуштете го педалот на кумплунгот, и веднаш намалета ја гаста за да не се постигне голема брзина.
Тргнување со намерно пролизгување овозможува полесно тргнување на возилото, но, со пролизгувањето на спојката не смее да се претера зашто може механички да се оштети. По правило, кога на патот има многу мраз и снег, препорачливо е од место да се тргнува во втор степен на пренос (брзина). За се треба полно чувство и што е најважно вежбање на празен паркинг.

sneg-vozenje-2

ЗАБРЗУВАЊЕ
Откако ќе се тргне со автомобилот од место, за натамошното возење на снег и мраз важат поинакви правила, со забрзувањето отколку на сува подлога. И само во пракса може да се почувствува дека премногу притисок на педалот за гаста, и возење на „високи вртежи„ доаѓа до изненадувачко пролизгување на погонските тркала, па е потешко контролирањето, во комбинација со странично занесување.
Ако ви се случи нешто такво, единствена помош е одземање на гаста, но, не веднаш, туку доволно брзо и нежно, а на сопирачките треба да се заборави, и да се користат само кога е тоа неопходно.
Кога давање премногу гас и возење на високи вртежи на моторот по правило предизвикуваат пролизгување на погонските тркала, за забрзување во секој степен на пренос во повисока брзина треба да се искористи најмногу третина од гаста, односно најмногу една третина од максимално дозволениот број на вртежи. Тоа значи дека во повисок степен на пренос треба да се уфрла што побрзо, но, во тоа не треба да се претерува. Во секој случај, звукот на моторот, односно звукот на пролизгување на погонските тркала е најдобра насока колку сте вешти во зимски услови.

Snow in Switzerland

ВОЗЕЊЕ И УПРАВУВАЊЕ
Откако ќе смените во повисок степен на пренос, педалот за гаста треба нежно да го отпуштате. Целосно отпуштање може да придонесе до занесување на возилото. Педалот на спојката притиснете го нежно, сменете во друг степен, почнете нежно отпуштање на спојката и истовремено додавајте гас, но, многу малку, помалку отколку на сува подлога.
При вртење и менување на насоката на движење, избегнувате одземање или додавање на гаста, бидејќи и во двата случаеви во тој момент може да дојде до неконтролирано странично занесување на возилото. Затоа пред промена на насоката на движење, намалете ја гаста, и нежно додавајте дури кога возилото почнува праволиниски да се движи. Возењето мора да биде нежно и континуирано, како во багажникот да возите пакет со јајца што несакате да се скршат.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK