Доколку често патувате со авион важно е да знаете како можете да си го олесните патувањето особено ако се работи за долг лет. Добро е да отспиете, а со оглед на тоа што лекарите велат дека ви е потребен подолг сон убаво е да го направите тоа за време на летот.
Сепак, со големиот шум и со толку многу лица во авионот, важно е да се знае како да се отспие во авионот. Затоа секој совет кој може да се добие е многу важен,
Овие шест лесни совети се од екипата на ClaimCompass, а тие ќе ви помогнат при следното долго патување со авион,
Закопчајте го безбедносниот ремен над ќебето
Што може да биде полошот од тоа да биде на средина од слаткиот сон на удобно место и притоа да се разбудиш на прашањето од стјуардесата дали го имаш закопчано безбедносниот ремен. Дефинитивно не е пријатно некој да ти го прекине сонот.
За да го избегнете тоа уверете се дека сте го закопчале ременот над ќебето. На тој начин дури и да заспиете стјуардесите ќе видат дека го имате закопчано.
Најдете удобна позиција
Ако летате во бизнис класата тоа нема да биде премногу тешко. Ако сте во економската тогаш може да се покаже како малку посложена задача. Целта е да се најде позиција, која ќе даде мал притисок на грбот.
Почнете со поставувањето на седиштето што е можно поназад. Не се грижете за патникот зад вас, секој ќе го направи истото кога летате во текот на ноќта. Тоа е најдобрата положба за сон.
Носете ги вистинските работи со вас
Кога спиете удобно дома тогаш се покривате со ќебе за да ви биде топло. Тогаш направето го истото и во авионот. Кога ќе се стоплите поубаво под покривката тогаш побрзо ќе почнете да сонувате. Исто така ви препорачуваме да користите и U-образна перница, но не по традиционалниот начин. Место тоа ставете ја однапред, на тој начин што брадата ќе ви лежи на неа. Тоа ќе и попречи на вашата глава да оди горе долу и да ве разбуди. Може да си носите и перница на дување, која нема да ви зема многу место во багажот. За да не се разбудите од светлата во авионот, носете си маска за очите.
Шал исто така може да заврши работа, но главниот противник со кој ќе се судрите, кога се обидувате да заспиете во авионот е шумот. Тој доаѓа од патниците, но главно од самиот авион. Можете да се борите со него на тој начин што ќе си понесете тапи за уши, но најдобрата шанса за да спиете добро се слушалки кои го потиснуваат шумот. Сепак, тоа бара инвестиција.
Покрај то, со вклучените слушалки вашите соседи се помалку склони кон тоа да се вклучат во разговор во време кога сè што сакате е да спиете.
Носете удобна облека
В кревет не спиете со обувките, нели? Направете го истото и во авионот.
Некои кои често патуваат олекуваат пижами откако ќе се качат во авионот. Ако тоа ве тера да се чувствувате неудобно тогаш едноставно одберете големи панталони.
За да избегнете длабока тромбоза на вените, лекарите препорачуваат користење на копресивни чорапи. Идејата е да не се пречи на крвта да тече низ вашите нозе. Заборавете да изгледате добро. За да добиете неколку часа сон во авион и новата црна боја е удобна.
Избегнувајте ги екраните
Светлината од вашиот лаптоп или смартфон нема да ви помогне да спиете. Може да си мислите дека тоа ќе се случи бидејќи чувствувате дека очите ви се заморуваат, но всушнот тоа го држи мозокот буден и може да предизвика повреда на очите.
Затоа пред да заспиете тргнете ги сите екрани настрана. Се разбире секога пред сонот можете да се насладите со некоја добра книга.
Внимавајте што јадете и пиете пред да легнете
Жал ни е што ги уништуваме вашите фантазии, но за добар сон треба да заборавите на алкохолот. Тој може само да ве направи сонлив, но ќе добиете само неколку часа немирен сон. Пијте многу вода пред да се качите во авионот за да избегнете дехидратација.
Во однос на храната, јадете нешто лесно, а за да немате проблеми со варењето на хрната и најдобро е да ја избегнувате храната на аеродромот!