Шест правила за подолго траење на гумите

ОБЈАВЕНО НА:

На возачите главно им се советува да водат сметка за гумите пред сè поради своја безбедност, но и поради подобри перформанси во возењето и да заштедат пари. Многу текстови кои се занимаваат со оваа тема почнуваат со добро познатата реченица: „Гумите се една директна врска меѓу вашиот автомобил и патот.

Затоа е многу важно да се продолжи животот на гумите и да се подобри нивната ефикасност така што правилно ќе ги одржувате.

Ввозачите треба да обрнат внимание на следните работи за да го продолжат животниот век на гумите на своето возило.

1.Потрудете се секогаш да бидат правилно напумпани

Ова е една од најважните работи кај одржувањето на автомобилските гуми. Недоволно високиот притисок во гумите го смалува дозволеното оптоварување и го зголемува отпорот на гумите при движењето на тркалата што доведува до дополнително загревање на гумите и други механички проблеми.

Од друга страна, преголем притисок во гумите може да предизвика иритирачки вибрации при возење, па на тој начин веројатно ќе сакате да ги избегнете и двете крајности.

2.Често проверувајте ја ситуацијата со гумите

Сè што треба да направите е да ги побарате трагите од оштетувањето како пукнатите и вдлабнатини. Исто така обрнете внимание на суспензијата на автомобилот и балансирањето на тркалата бидејќи и најмала деформација може да влијае на квалитетната работа на гумите.

3.Избегнете прекумено „шлајфување“ во место

Оставете ги своите тркачки амбиции на страна и тргнете на зелено со умерен „гас“.

4.Одржување на чисти гуми

Сакате ли да возите надвод од асфалтот, по валкан терен? Тоа е одлично, но кога ќе заврши забавата тогаш треба да ги исчистите гумите од вашиот автомобил.

5.Ротирајте ги гумите

Многу важно за продолжувањето на животниот век н гумите е и нивното ротирање. Предните гуми се генерално повеќе оптоварени бидејќи кај повеќето автомобили се и погонски, а задолжени се и за управување на возилото.

Затоа на предните гуми повеќе се видливи знаци на користење отколку што е случај на задните на кои влијае единствено кочењето.

6.Користете одговарачки гуми за секоја сезона

Користење на летни гуми во текот на зимата или обратно влијае на однесувањето на вашиот автомобил на патот. Ако користите гуми кои не се предвидени за актуелната сезона само им помагате побрзо да пропаднат.

Нивната структура им овозможува давање на максимум само ако се користат во одредени временски услови и температури.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK