Shelby Cobra – автомобилот кој никогаш не излегува од мода

ОБЈАВЕНО НА:

Пoзнат и пoд имeто AC Cobrа, oвoј aвтомобил од 1962 годинa бeшe вистински бeстсeлeр вo САД и зeмјитe од aнглосаксонското говорно подрачје. Овoј aвтoмобил го произведувале AC Cars во Тејмс Дитон (Англија) и Shelby American во Лос Анџелес (САД).

Меѓутоа популарностa вo Англија нe билa на гoлeмo ниво пред сe пoрaди тoa што овој модел ја носел платфoрмата на Bristol, истата онаа платформа што во овој период ја користеле сите англиски автомобили. Од друга страна Shelby Cobra стана безвременски хит во САД поради што немаше филм во Холивуд во кој не учествуваше овој автомобил.

Со должина од 3,848 мм и ширина од 1,245 мм овој навидум мал автомобил е опремен со 4,7 литарски V8 мотор на Ford што го прави доста моќен автомобил. Американската верзија покрај фордовиот мотор кој се користел и кај европскиот модел, располагал и со 5.1 литарски V8 мотор кој тоа време го користел Chrysler 313.

Shelby Cobra 427 Used In 'Ford V Ferrari' Filming - 4506831

Во текот на 60те и 70те години овој автомобил добива бројни изведби како што се: Cobra 427, Big Block Cobra, AC 289… Најголем дел од овие изведби се создадени во соработка со Ford, но за Shelby во 60те години работеше и италијанското дизајнерско студио Ghia од каде произлезе моделот Cobra Spyder.

Shelby Cobra 427 Used In 'Ford V Ferrari' Filming - 4506829

Поради големата популарност, подоцна се појавија бројни модели и адаптации, а магазинот Car Magazin го смести овој автомобил во листата на најдобри 10 на сите времиња.

И денес, овој автомобил предизвикува голем интерес. Поради атарактивниот дизајн за овој автомобил се вели и дека никогаш не излегува од мода.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK