Актерот Ентони Хол на Тик-Ток публикуваше видео клип како Шекил О’Нил се обидува да седне во Теsla Model S. Седнувањето во електромобилот се покажа тешко и со големи проблеми за кошаркарската легенда, па тоа го принуди да упати невообичаена молба кон Елон Маск.
О’Нил веќе поседуваше Mоdеl S и очигледно е дека димензиите не му одговарале. Поранешната ѕвезда од NBA е висок 211 сантиметри, носи чевли 56,5 и јавно има потреба од повеќе простор поради што упати повик кон Маск да пушти „Tesla за големи момци“.
Пред околу една година шефот на Riviаn, Роберт Скаринџ на Твитер публикуваше фотографија на Шекил О’Нил зад воланот во пикапот R1T.
@tony_bluechips44 Watch Shaq try to squeeze into my #teslamodels #fyp #foryou #foryoupage #comedy
На неа очигледно се гледа недостаток од простор меѓу главата на кошаркарот и таванот.