Електричниот e-Golf станува сè поинтересен, а со тоа и неговата побарувачка која што е сè поголема. Информациите велат дека целиот тираж на возилото е веќе распродаден, па во Volkswagen се максимално задоволни.
„Продажбата на електрични автомобили во 2017 година се покажа трипати поголема во споредба со 2016 година. Што се однесува до e-Golf, производството на тој модел е целосно распродадено. Јасно е дека клиентите сакаат да возат електромобили и тоа за добра цена“, вели Херберт Дијс.
Во Volkswagen се лансира цела моделна гама на автомобили, кои се обединети под името I. D., а првиот ќе биде хечбек, кој ќе излезе на пазарот во Европа следната година.
„Нашата цел е да направиме експлоатација на електромобилите да биде максимално едноставна, удобна и еколошка. На приватните клиенти и на домаќинствата ќе обезбедиме решение полнење на електромобилите. Цената на нашиот уред за полнење е 300 евра што го прави достапен за сите клиенти“, дополнува Дијс.