Шефот на Stellantis откри: Кинезите сакаат да купат некоj француски бренд

ОБЈАВЕНО НА:

Шефот на концернот Stellantis, Карлос Таварес јасно стави до знаење дека има постојани понуди за намалување на бројот на брендови во семејството на Stellantis. Топ менаџерот на најголемиот автомобилски концетн призна дека „Во 2021 година, еден од конкурентите беше подготвен да го купи Alfa Romeo, а во 2023 година, партнер од Блискиот Исток покажа интерес за еден од француските брендови“

Таварес ги отфрли сите понуди за продажба на имотот на Stellantis. Тој истакна дека Alfa Romeo е „најголемиот скапоцен камен“ на концернот. Силата и потенцијалот на брендот ги покажа ограниченото издание на суперавтомобилот 33 Stradale.

Според Таварес, овој проект беше возможен само благодарение на доброто управување и компетентен маркетинг. Сега Кинезите повторно притискаат да се здобијат со еден од француските брендови.

Таварес не кажа кој француски бренд го интересира кинескиот партнер и за кој партнер станува збор. Во Кина,Stellantisимаше заедничко вложување со Dongfeng и само три марки од Франција: Citroen, Peugeot и DS. Минатата есен, Донгфенг стана единствен сопственик на кинеските фабрики на Citroen и Peugeot, а условите на договорот се такви што кинескиот партнер може да произведува автомобили под француски брендови десет години.

Концернот Stellantis неодамна имаше затегнати односи со италијанските власти, но Карлос Таварес инсистира дека автомобилскиот гигант ќе остане во Апенинската земја и ќе продолжи да инвестира таму. Планот на Stellantis предвидува локализација во Италија на две нови автомобилски платформи и создавање фабрика за производство на батерии.

Истовремено, Таварес ги предупреди и индиректно им се закани на италијанските власти да не соработуваат со кинеските производители на автомобили, бидејќи доколку тоа се случи, според топ-менаџерот, тогаш италијанските брендови може да ја следат судбината на Volvo и MG.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK