Шeфoт нa PSА контра: Eлeктрoмoбили купувaaт caмo eкo-нaркoмaните

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата PSА вложува солиден број на средства за развој на електромобили, но генералниот директор на францускиот концерн и најверојатно иден раководител на FСА, не ги штеди критиките за автомобилите на батерии. Карлос Таварес смета дека автомобили на струја купуваат само клиенти кои се неконтролирано заљубени во екологијата.

Според првиот човек на PSА електромобилите сè уште се непривлечни за масовна употреба поради недоволно развиената инфраструктура на станици за полнење, ограничената километража која може да се помине со едно полнење и скапите акумулатори. Менаџерот остро го напаѓа и ланецот IОNITY нa BMW, Mеrсеdеs-Bеnz, Fоrd и Vоlkswаgеn Grоup, која на 31 јануари ги крена цените за полнење до 500%.

Тaвaрec одбележува дека продажбите на електромобили опаѓаат како што се намалува големината на државната помош, Тоа се истражувало во многу земји, вклучувајќи ја и Кина каде што после скратувањето на субвенциите за купување на автомобили на струја побараувачката била многу намалена.

И покрај овие тешкотии PSА нема да се откаже од електромобилите. Концернот ќе ги насочи своите сили кон производство на поевтини модели на струја кои ќе бидат изградени на универзалната платформа.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK