Шампионот на Македонија ќе биде прогласен во Грција!

ОБЈАВЕНО НА:

Првенството во картинг целосно ќе се вози на патеки надвор од Македонија, двапати во Бугарија и еднаш во Грција.

Вообичаено е прваците на државните првенства во спортовите да бидат прогласувани дома, пред домашна публика каде пред сопствените навивачи ќе се прослави титулата и победата. Но, во случајот на Автомобилстичката федерација на Македонија, шампионите на кружни трки и картинг ќе бидат прогласени во Грција. Така е според календарот усвоен од АФМ на 1 јуни.

Според АФМ сезонава, ако воопшто постојат услови за тоа би требало да има 3 трки на кружни патеки, 6 на ридски и три во картинг. Една од планираните трки на ридски патеки, онаа во Косово е веќе откажана. Таа беше планирана за крајот на овој месец, но поради пандемијата е откажана.

Не е планирано ниту една трка во Скопје според календарот. На кружни патеки две трки се планирани во Кичево, и една на Серес, Грција. Според Правилникот за ридски трки за прогласување на првак нема ограничување колку се минимум трки потребни. Се бодува според освоените бодови. Па ако до Серес барем една трка се откаже, тогаш и со две трки може да се прогласи првак. Слично е и со Правилникот на ридски патеки.

Календар за 2020 година

Единственото ограничување е дали возачите ќе добијата 100 отсто од предвидените бодови според пласманот или половина. Ако на тренинг има минимум три возила се добиваат 100 отсто од бодовите. Ако стартуваат две се добиваат 50 отсто од бодовите. Ако има само едно возило на тренинг не се бодува.

За да се бодува натпревар за распишаниот шампионат треба на верификација и технички преглед и да стартуваат на еден тренинг најмалку 15 возила. За помалку од 15 возачи, а не помалку од 10 (вкупно) се добиваат по половина од предвидените бодови.

Последниот натпревар од шампионатот се бодува со 100 отсто од бодовите без разлика колку возила се појавиле на техничка верификација и на тренинг. На последниот натпревар ќе се бодува со полн број бодови сите класи и групи без разлика на бројот на возила.

Во моментов во АФМ има девет полноправни членки – клубови кои се натпреваруваат. нема информација колку возачи се пријавени за оваа 2020 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK